Мегафон

Ова беше неговиот дом: На доделувањето на Греми наградите со едноминутно молчење се збогуваа од Коби Брајант (видео)

Ова беше неговиот дом: На доделувањето на Греми наградите со едноминутно молчење се збогуваа од Коби Брајант (видео)

Најпознатиот кошаркар на светот, Коби Брајант, го изгуби животот во стравична несреќа при пад на хеликоптер. Со него беше и неговата тринаесет годишна ќерка, која исто така го изгуби животот.

Од славниот спортист се простуваат бројни светски ѕвезди, а на церемонијата „Греми“, која се одржа синоќа во Стејпл центарот, домот на Лос Анџелес Лејкерс, тимот во кој Коби ја помина целата своја кариера, почна со едноминутно молчење за Брајант.

На присутните им се обрати Харви Мејсон Џуниор, шефот на Рекординг академијата, која ги доделува Греми наградите.

-Како што сите знаете, го изгубивме Коби Брајант во трагична хеликоптерска несреќа денес. Бидејќи ова е негов дом (Стејпл центар), молам да ми се придружите во моментот на молчење, кажа Мејсон Џуниор, а тогаш сите и оддадоа почит на починатата кошаркарска леганда.

To top