Свеченото отворање на 42-рото издание на манифестацијата „Скопско лето“ на првиот ден на летото и светскиот ден на музиката „Fete de la Musique“,21-ви јуни (понеделник).
Манифестацијата ќе се отвори со операта без зборови насловена „Од оркестарот за публиката“, којашто ќе се одржи во Салонот на Националната опера и балет, а ќе биде со почеток во 21:00 часот. Диригенти се Бисера Чадловска и Иван Еминовиќ, а режисер Трајко Јордановски. Настанот е во соработка со Националната опера и балет. Учествува Оркестарот на Националната опера и балет, додека испициенти се Љупчо Полизов, Драган Костадиновиќ и Марко Павлевски, соопштија организаторите.
Ќе се изведат дела од Маскањи, Мусоргски, Пучини, Чајковски, Гуно, Леонкавало, Белини, Верди.