Радио Милева

Отсекогаш била мамина принцеза: Објавени досега невидени фотографии од детството на Меган Маркл (фото)

Отсекогаш била мамина принцеза: Објавени досега невидени фотографии од детството на Меган Маркл (фото)

Со слатка насмевка и афро фризура, 11 годишната Меган Маркл не се разликувала од своите врсници од Калифорнија, што не може да се каже денес на нејзините 37 години кога е во улога на британска војвотка и сопруга на принц.

„Дејли мејл“ објави досега невидени фотографии од детството на Меган  кои ја покажуваат од најмали нозе до тинејџерските денови.

Очекувано, обожавателите на кралското семејство, особено на војвотката Меган и принцот Хари, се воодушевени од приликата да ја видат миленичката во едно поинакво издание.

Како седумгодишно девојче, во друштво на бабаси Џенет Џонсон, како си игра со омилените играчки, како славела родендени и се дружела со роднините.

Меган и во тинејџерските години го покажувала својот мајчински инстинкт чувајќи ги помладите браќа и братучетката, пишува „Дејли мејл“.

Инаку, откако соопштија дека кога ќе се породи Меган тоа нема да биде откриено, туку по славењето во кралството, медиумите веќе шпекулираат дека новиот кралски наследник веќе е роден.

фото:принтскрин/дејлимејл

To top