Хрватските пејачи Јелена Розга (46) и Тони Цетински (54) се популарни низ регионот, и ги полнат сите сали во кои настапуваат.
И двајцата имаат повеќедецениска кариера и не им е непознато да пеат на приватни забави, како што се свадби.
Сега е откриено колку пари земаат за ангажман на свадби, а цифрата не е воопшто мала.
Поради големата побарувачка за „свадбени изведувачи“, цената на нивните настапи е речиси двојно зголемена во последните неколку години, пишува „Стори“.
Јелена Розга на тој начин, според овие изјави, добива по 6.000 евра по свадба, додека цената за нејзиниот колега е многу повисока.
Тони Цетински наводно добива 10.000 евра за ангажман на свадбените веселби, а во неколку наврати јавно кажа дека нема проблем да пее секаде каде што има желба за неговата музика.
Фото: Принтскрин/Ана Паунковиќ