Радио Милева
немила случка

Откриено колкав е хонорарот на Маја Маринковиќ – стралетата месечно зема илјадници евра (фото) 

Откриено колкав е хонорарот на Маја Маринковиќ – стралетата месечно зема илјадници евра (фото) 

Во налет на љубомора и бес, старлетата Маја Маринковиќ физички ја нападна Милица Веселиновиќ, за што е казнета од продуцентската куќа со месечниот надоместок, чија цифра според таткото на старлетата Радомир Маринковиќ Таки е 15.000 евра.

– Тоа не е љубов, тоа сите го знаат. Го намалив гледањето… Тоа е затворен простор, кој знае што им се случува во главите. Не можам да влијаам на тоа. Ја видов и немилата случка со Милица, не треба да го прави тоа. Но, тоа е таа, никогаш не се знае кога ќе експлодира. Фрлила 15.000 евра во вода – изјави Таки за Пинк.рс

Да потсетиме, старлетата од почетокот на оваа сезона размени неколку сексуални партнери, а тепачките со цимерите и се секојдневие. Маја Маринковиќ го видела Филип Цар во друштво и започнала жестока расправија, а во еден момент и удрила шлаканица на Милица, по што морало да реагира обезбедувањето. Коментарите на мрежите само продолжија да доаѓаат по оваа акција на Маја: „Дисквалификација за Маја Маринковиќ“, „Маја е медицински феномен, живее без мозок“, „Маја полуде, треба да се лекува“, „Ова е срамота“, се само дел од коментарите.

Фото: Принтскрин/Лола Стојановиќ

Останати вести од Радио Милева