Првата сопруга на поранешниот американски претседател Доналд Трамп почина во јули минатата година. Телото на Ивана Трамп беше пронајдено на скалите на луксузен стан на Менхетен, каде што таа важеше за неприкосновен матријарх во 1980-тите. Несреќен случај, стои во полицискиот извештај.
Поголемиот дел од својот имот вреден 34 милиони Ивана го префрлила на синовите Доналд и Ерик и ќерката Иванка, а на поранешниот сопруг ништо не му оставила, додека посебно место во тестаментот има нејзината поранешна дадилка Дороти Кери.
Жената која се грижела за нејзините деца на крајот станала нејзина блиска пријателка, која останала до последниот ден. Ивана и ја довери грижата за кучето и од благодарност и остави луксузен стан во Мајами Бич, Флорида.
„Го оставам моето куче Тигар Трамп, како и сите други домашни миленици што ги имам во моментот на мојата смрт, на мојата пријателка Сузана Дороти Кери“, се вели во документот.
Американските портали пишуваат дека Кери работела за Трампови со децении. Ивана за својата дадилка напишала и во книгата „Rising Trump“ од 2017.
Таа се присетила дека младата жена почнала да работи за семејството „со искра во окото и многу нервозна енергија“. Подоцна, кога децата пораснале, Дороти ја презела функцијата асистентка на Ивана.
Кондото во Мајами Бич што и е оставено во тестаментот се проценува на 1,12 милиони долари. Опишан е како имот од околу 90 метри квадратни, со една спална соба и бања.
фото:Profimedia Getty Images