Михајло Максимовиќ од Шабац, кој беше повторно уапсен под сомнение за подведување елитни проститутки, меѓу кои и некои познати личности на богатите клиенти, повторно е во центарот на вниманието, поради листата на клиенти која е пронајдена во неговиот компјутер!
Максимовиќ бил уапсен кон крајот на февруари во својот стан во Белград, а потоа во листата од над 300 клиенти се нашло и името на еден политичар кој со години е во владата на Србија, но исто така е поранешен кошаркар кој направил богатство во текот на својата кариера играјќи во НБА.
Во документите се најдени и податоци за патувањата, хотелите каде што тие се среќавале, што до одреден степен и не било изненадување, но голем шок е листата на имиња на клиенти и платени старлети, модели, стилисти и други познати дами. На долгата листа е и името на познат политичар кој е на власт повеќе од една деценија. Исто така, на листата е и кошаркарот кој ја завршил кариерата, но тој сé уште е активен во медиумите – открива извор за српски Курир делови од истрагата.
Тој вели дека, покрај овие двајца, листата содржи и имиња на познати криминалци, фудбалери, пилоти и платени убијци… кои биле клиенти на познатите старлети, водителки, манекенки, пејачки…
Според него, за Максимовиќ работеле дваесеттина девојки, меѓу кои наводно старлетата Милица Живановиќ, позната како Мими Оро, зајачицата на Плејбој Божана Вујиновиќ, учесничката во реалните шоуа Наташа Шавија… и др.