Дара Бубамара неодамна призна дека е сама и дека немера да се посвети на љубовниот живот.
Наводно, на прво место и е кариерата, а за момче нема време.
Како што пренесува Курир, главна причина за нивниот развод било тоа што кошаркарот не им кажал на своите родители дека е во врска со фолкерка, туку тврдел дека информациите кои се појавувале во медиумите се неточни.
Кога Дара дознала го откачила и одлучила да го заборави.
„Немања сфати што изгуби, па седна со родителите и им призна дека беше во врска со Дара, а таа го остави токму поради нив. Кога слушнаа, не им беше сеедно, па го посоветуваа синот да и се јави и да ја замоли за прошка. На нив им е најважна среќата на синот и не сакаат да го нервираат поради предрасудите кои ги имаа за Дара“ вели извор.