Радио Милева далеку од романса

Откриен идентитетот на девојката со која Метју Пери бил последно на состанок, а за нивниот однос проговори и самата (фото)

Откриен идентитетот на девојката со која Метју Пери бил последно на состанок, а за нивниот однос проговори и самата (фото)

Идентификувана е жената која беше видена со Метју Пери 24 часа пред неговата трагична смрт, а она што го кажа за нивната средба остави многу луѓе тажни бидејќи рече дека актерот „бил одлично расположен за време на разговорот“.

Атина Крозби, 25-годишна манекенка и репортер за шоубиз и забава, се огласи и откри дека таа е мистериозната бринета која го запознала Метју минатиот петок во хотелот Бел-Ер, откривајќи дека „имала чест лично да го познава Метју “.

„Неговата смрт ме опустоши, но сметав дека е погрешно да се зборува за тоа јавно, бидејќи фокусот не треба да биде на мене, туку на него. Тој беше исклучително пријатна личност и секогаш го почитував тоа во нашето пријателство“, напиша таа на својата приказна на Инстаграм.

Таа вели дека Метју бил „исклучително добро расположен“ кога вечерале заедно, додавајќи дека „воодушевено разговарал со неа за работите што му се случуваат во животот“.

-Беше толку среќен и жив, рече таа.

Иако некои шпекулираа дека оваа средба била романтична, Атина во изјава за ТМЗ изјави дека не била и дека биле само пријатели и се запознале преку заеднички пријател пред неколку месеци.

Атина сподели и потпишана копија од мемоарите на Метју, во кои тој ја нарекол својата „девојка број 1“.

фото:Profimedia/instagram printskrin/TMZ TV

Поврзани теми

To top