Радио Милева Калиопи со своја страна на вистината

Откако Весна Дедиќ ја обвини Калиопи дека не се појавила на снимање и се „заканувала“ со отказ, се огласи нашата пејачка: „Не знам за што зборува“

Откако Весна Дедиќ ја обвини Калиопи дека не се појавила на снимање и се „заканувала“ со отказ, се огласи нашата пејачка: „Не знам за што зборува“

Пејачката Калиопи Букле се огласи по обвинувањата на српската водителка Весна Дедиќ дека никогаш повеќе нема да ја покани во својата емисија „Балканска улица“ бидејќи нашата наводно пејачката не ја испочитувала.

Имено, како што Весна изјави за српските медиуми, Калиопи требало да гостува во нејзината емисија „Балканска улица“ која тогаш се емитуваше на РТС, но доцнала на снимањата, а кога пристигнала во Србија не заминала веднаш во студиото, туку наводно сакала прво да оди во хотел, да се нашминка и среди, па потоа да дојде на снимање.

фото: принстскрин/инстаграм/ весна дедиќ

Меѓутоа, Весна и нејзината екипа не сакале со часови да ја чекаат пејачката, па наводно и Калиопи им се „заканила“ дека ќе се јави кај тогашниот директор да и даде отказ.

https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/vesna-dedikj-otkri-deka-nema-da-ja-pokani-kaliopi-vo-svojata-emisija-toa-nikogash-nema-da-i-go-zaboravam/

По овие тврдења на Весна Дедиќ, за Курир.рс се огласи и Калиопи и ја кажа својата страна на вистината.

„Мене никој не ме познава како таква личност како што ме опишува Весна. Јас навистина не знам што и е на госпоѓата и не знам што сака да каже. Оваа работа ја работам 35 години и никој досега не ми кажа такво нешто, ниту ме наврдил како што ме навреди таа. Точно е дека доцнев на тоа неславно снимање поради сообраќајна несреќа среде невреме бидејќи патував од Загреб кон Белград, а  нејзината продуцентка го знаеше тоа. Јас ова првпат го слушам, шокирана сум. Како и да е, јас Весна Дедиќ ја почитувам како интелектуалец, новинарка и авторка, дури ги прочитав и нејзините книги. Навистина не знам за што зборува ова жена. Калиопи се труди луѓето да добијат работа, а не да се заканува со отказ, тоа е скандалозно. Никогаш во животот немав вакви проблеми“, изјави Калиопи за Курир.рс

фото: Александра Јовановиќ

Овој одговор од нашата пејачка ја изнервира Весна Дедиќ која не се откажува од своите тврдења.

„Тијаниќ, за жал не е жив, па не можам да ви кажам- „Прашајте го Тијаниќ“. Без оглед на сè, јас и понатаму ја слушам Калиопи и не е важно што направи во афект“, изјави Весна за курир.рс

Дали по ова, Весна ќе се премисли и сепак ќе ја покани Калиопи во емисијата, останува да видиме.

To top