Бугарската фолк пејачка Глорија стана писателка. Таа издаде книга за нејзиниот живот и ги изненади сите нејзини фанови.
Целото лето пејачката место на снастапи се посветила на пишување на своите мемоари. Во нив, таа ја открива својата душа и открива сè за својата кариера и за нејзиниот личен живот.
Глорија помина многу од своето време ова лето за да ја дообликува биографијата. Книгата е речиси подготвена за издавање и се очекува да биде отпечатена наскоро.
Пејачката вели дека сакала само тројца мажи во нејзиниот живот. И таткото на нејзината ќерка е еден од нив.
“На мене во љубовта ми пречи разумот. Многу сум приземна и не можам да бидам лигла, па да сум во скутот на некој маж. Се разбира, жена сум, го сакам најдоброто за себе – да се чувствувам сигурна, да сум сакана, галена… Верувам во принц на бел коњ. Мора да сме се сретнале некаде, но сме се разминале и тоа два или три пати ” – ќе изјави Глорија.
Инаку во „духот на добросоедскиот“ договор со Бугарија, да потсетиме дека Глорија во 2011 година ја „препеа по свое“ македонската новосоздадена песна со патриотска содржина „Едно име имаме“ која ја потпеа легендарниот Војо Стојановски. Нејзината верзија носеше наслов „Каде и да одиш“, а во неа секое спомнување на Македонија е заменето со Бугарија.
„Една вера имаме, еден живот имаме. Б’лгарија цела да е, секој да ја знае! Ако некој рече дека Б’лгарија е мала, има уште 8 дела за да биде цела!!?“ – пее Глорија во својата верзија.
Машала! Ако вака Глорија пееше во украдената песна, што ли ќе каже, а да не излаже во својата биографија?
https://www.youtube.com/watch?time_continue=4&v=Yns1_uhDIy4