Старлетата Драгана Спасовска која своевремено македонската јавност ја запозна токму преку „Бекстејџ“ каде зборуваше за својот живот во Дубаи и познанствата со светски познати ѕвезди како што е Роналдињо, во моментов престојува во Скопје, а престојот овде го искористи и за снимање на ново видео.
Станува збор за соработка на Драгана со Марко Маринковиќ – Слаткаристика во чии кадри од спотот за неговата нова песна се појавува токму таа, за што може(в)те да прочитате на Вистина.ком.мк ако кликнете ТУКА.
Иако социјалните мрежи и порталите беа преплавени со написи и коментари дека раперот останал поздинат кога го видел нејзиното деколте на снимањето, и двајцата пред камерата на Бекстејџ го демантираа ова и открија дека ги врзува исклучиво пријателски однос.
Драгана открива и дека иако е среќна и заљубена, не планира наскоро да се мажи затоа што нема намера да се затвори дома и да чува деца. Таа вели дека не е родена за да сецка салата и пие ракија со мажот….
Целото интервју можете да го погледнете во продолжение.