Јавноста гласно зборуваше за раскинувањето на синот на Брена и убавата шминкерка, а Виктор и Сандра едно време дури и не се следеа по социјалните мрежи.
Сепак, неодамна, Анастасија Ражнатовиќ откри дека Сандра и Виктор се повторно заедно, а сега вљубената двојка повторно се следи на социјалните мрежи и редовно се лајкува во меѓусебните објави.
Нема нови фотографии од нив, но еден потег на младата Сандра ја заскокотка фантазијата на сите, особено наблиските па и на самата Брена.
Имено, Сандра објави фотографија како држи бидермаер на Инстаграм, па во описот напиша:
„Луѓе, седми по ред. Дефинитивно веќе не застанувам да го фаќам бидермаерот“ – напишала Миљаковиќ и додала: „Кој е следен?“
Значи ли дека провокативното прашање има и скокотлив одговор: Убавата шминкерка наместо да фаќа туѓи, можеби наскоро планира да го фрла својот бидермаер?
Фото: Инстаграм принтскрин/sandramiljakovic