Пејачката Гоца Божиновска потврди дека нејзиниот син Мирко е среќно заљубен, но истакна дека сè уште не ја запознала нејзината нова снашка, Бојанa Родиќ, која е сестра на снаата на Цеца, односно сестра на Богдана, сопругата на Вељко Ражнатовиќ.
„Никогаш не сум се мешала во изборот на моите деца. Ако тие се среќни, таква ќе бидам и јас. Сè уште не сум ја запознала Бојана, но имам слушнато дека таа е добра, убава и квалитетна девојка, дека е од добро семејство.
Секако дека би сакала да се запознаеме. На крајот на краиштата, мајката сака сите да бидат среќни. Јас секогаш ќе стојам зад изборот на моите деца“ – со гордост изјавила Божиновска.