Емина Јаховиќ неодамна се исели од домот каде што живееше со нејзиниот поранешен сопруг, Мустафа Сандал, а сега се пресели во негова близина.
Пејачката на социјалните мрежи го покажа својот нов дом и големиот балкон со поглед на море.
Емина, истакна не се преселила во маалото на екс сопругот за да му биде близу, туку затоа што таму најмногу и одговара.
„Точно е дека ќе живеам во близина на Мустафа, но не поради мојата желба да живеам покрај него, туку станува збор за реон во кој најмногу се движиме. Мустафа можам да го видам кога ќе посакам, тоа не е проблем“ вели Емина.
За потсетување, Емина и Мустафа се разведоа претходната година, а од бракот имаат два сина.