Радио Милева
„врнат“ понуди...

Откако се фати со Цеца, му тргна: Богдан стана промотер на ресторанот во кој го славеше 39. роденден (ФОТО)

Откако се фати со Цеца, му тргна: Богдан стана промотер на ресторанот во кој го славеше 39. роденден (ФОТО)

Богдан Срејовиќ, момчето на Светлана Ражнатовиќ, покрај успехот во на љубовен план, откако се фати со Цеца му тргна и во работата. Според српските медиуми, Богдан бил унапреден на работното место. Имено, Срејовиќ стана главен промотор во еден познат белградски локал, каде неодамна го прослави својот 39-ти роденден.

„Богдан најпрвин беше чест гостин во ресторанот, а сопствениците сега му понудија позиција на главен промотор, со цел да привлече што повеќе луѓе. Долго време се занимава со таа работа и сите го знаат и ценат, а познава и многу популарни луѓе, па затоа беше вистинскиот избор. Секако, врската со Цеца дополнително ги прошири неговите контакти. Мислам дека направија добар потег“ – вели соговорник, близок на сопствениците на локалот.

Богдан бил познат во српската престолннина  и претходно како успешен менаџер на многу белградски клубови и ресторани, но неговата врска со Цеца му донесе поголемо признание и почит, па затоа и деловните понуди почнаа да „врнат“.

Фото: Инстаграм принтскрин/bogdansrejovic

Останати вести од Радио Милева