Летниот период речиси сите јавни личности го користат да патуваат на некоја егзотична дестинација со цел да ги наполнат батериите за следните работни предизвици, а тоа е идеална можност да ги видиме во опуштени изданија.
Одмор си даде и една од сопственичките на најмоќните вокали, која веќе извесно време ужива во прекрасната Истра од каде одвреме-навреме споделува фотографија, а најзабележителни се оние на кои Стоја гордо позира во костим за капење.
Сончевите зраци кои максимално ги користи за да додаде тен, фолк ѕвездата направи многу предизвикувачко селфи и во најмала рака предизвика вистински бум на социјалните мрежи.
View this post on Instagram
Стоја не се двоумеше да ги покаже своите атрибути и одлична форма во костим за капење со атрактивна жолта боја, а за својот изглед собра многу комплименти од оние кои забележаа дека ја држи линијата.
View this post on Instagram
Сите се согласуваат дека пејачката изгледа подобро од кога било и зрачи со самодоверба, а имаше што да каже и за својот изглед:
– Не можам да изгледам како пред дваесет години, а десет, пет, три. Сите старееме некако и нашите лица и тела се менуваат, дури и нашата харизма се менува. Не можам да изгледам исто како кога имав дваесет години. Не се натпреварувам со девојки кои сега имаат 25-30 години, тие се во цут и изгледаат најдобро сега. Не се само сценски претстави, тоа е само кулминација, не знам што се случува, старите жени сакаат да бидат девојчиња – изјави неодамна таа и откри што направила на себе:
View this post on Instagram
– Пред една година отидов на пластична операција за да ослабам, имав проблем со грбот, сакам да јадам и да се дебелеам, оставете ме луѓе на мира. Потоа отидов на липосукција, сите мислеа дека се враќа старата Стоја, не сакам да имам 45 килограми, како некогаш – изјави популарната пејачка за „Гранд“ во свој стил.
фото:Инстаграм принтскрин