Контроверзната старлета неодамна доживеа шок откако властите и го забранија нејзиниот влез во Србија и беше вратена од српско-црногорската, граница, затоа што е означена како „безбедносна закана за земјата“.
Сораја се обидела да влезе во Србија од Црна Гора и била шокирана кога ѝ било кажано дека нема начин да дојде во Белград, каде што обично живее.
На Сораја Вучелиќ влезот и е забранет во согласност со Законот за странци, врз основа на кој без никакво објаснување може да им се забрани влез во Србија со цел да се заштити јавниот ред и безбедност на земјата и нејзините граѓани.
Имињата во регистарот се тајни, па дури и луѓето кои се на листата не се информирани за тоа, и дознаваат за само кога ќе се појават на граничниот премин.
Сораја или Сара, како што таа сака да ја викаат, не е достапна за коментар и не одговара на пораки што покажува како се чувствува.
„За жал, Сара ја нема повеќе и не правете се луди до тој степен“ – само кусо напишала во пораката на социјалните мрежи старлетата.
Сораја во минатото беше доведувана во врска со неколку убиствата во Србија, нејзините автомобили ги креваа во воздух, а пред две години фудбалерот на Црвена Ѕвезда – Стефан Михајловиќ ја исече со нож, но таа сепак не сакаше да го тужи.