Радио Милева војна на старлетите

Откако и го презеде невенчаниот сопруг на најдобрата другарка Александра Суботиќ, Маја Маринковиќ им се закани и на останатите другарки : „Ќе ги добиете нивните „чесни“ биографии!

Откако и го презеде невенчаниот сопруг на најдобрата другарка Александра Суботиќ, Маја Маринковиќ им се закани и на останатите другарки : „Ќе ги добиете нивните „чесни“ биографии!

Поранешната учесничка во реалното шоу „Задруга“, старлетата  Маја Маринковиќ влезе во романса со невенчаниот сопруг на Александра Суботиќ, Петар Пеца Распоповиќ.

Маја призна дека долго време е во врска со Пеца и дека тој и Александра не се заедно една година иако нејзината довчерашна другарка тоа наводно го криела.

Прв пат по откривањето на аферата за овој љубовен триаголник, Маја Маринковиќ  ја признала за Pink.rs врската со Пеца, а потоа ја прозва и Александра Суботиќ: „Изигрува жртва, а ја фатија како се ‘черечи’ со момчето на мајка и“ – изјавила стралетата за својата довчерашна најдобра другарка.

На Маринковиќ и пречеле навредите на пријателките на Александра, па решила да се пресмета и со нив  обраќајќи им се преку Инстаграм со „брутална“ порака:

„Добро утро, како кому! Не знам од каде наеднаш овие ‘чесни опајдари’, кои ми се упикуваа кога и да ме видат, девојки кои се занимаваат со тоа што се занимаваат, другарки кои наводно сакаат да се ‘исперат’ самите од некоја ситуација, но да не зборуваме за нив, засега мислам. Горите во желбата да добиете простор на еден или два портали преку моето име, но мора да научите дека има само една Маја Маринковиќ. Наскоро за сите што се огласиле на навредлив начин или слично, детално ќе дознаете како стојат работите откако ќе ги добиете нивните ‘чесни’ биографии!“ – напиша Маја Маринковиќ.

За потсетување, двете контроверзни поранешни учеснички во реалното шоу „Задруга“, Александра Суботиќ и Маја Маринковиќ заедно учеле во средно училиште и од тогаш до сега беа најдобри другарки.

Се поддржуваа на телевизија додека живееа заедно во белата куќа во ријалити шоуто „Задруга“, а подоцна Сандра среќно се омажи за бизнисменот Пеца и се преселила во Нови Сад, каде најчеста гостинка и беше токму „најверната другарка“, Маја. Арно ама…

Фото:Инстаграм принтскрин/majaamarinkovic/Pink.rs/Privatna arhiva

Поврзани теми

To top