Откако пред неколку месеци ги продадоа своите акции во „Гранд“, Сузана Јовановиќ и Саша Поповиќ започнуваат нов бизнис.
„Купија неколку парцели во белградската населба Бежанијска коса, а ние многу добро знаеме колку е баран тој регион во делот каде што е нивната семејна вила. Тие градат луксузни апартмани од 100 квадратни метри со големи балкони, но нудат и помали апартмани, дури и студија“ – вели добро информиран извор за српските медиуми.
Според неговите извори, една зграда од фирмата на Поповиќ е веќе распродадена, иако се уште е во изградба. Изворот додава и дека Сузана му се придружила на својот сопруг во нов семеен бизнис.
„Сузана се префрли во продажба, тоа е дел од нејзината работа, а и Сале ужива во тоа“ – заклучува изворот, додавајќи дека Саша Поповиќ не може да биде класичен пензионер, поради што се свртел кон нова работа.