Радио Милева

Откако го покажаа кралскиот наследник, Меган и Хари пред јавноста го открија и „неформалното“ име на бебето

Откако го покажаа кралскиот наследник, Меган и Хари пред јавноста го открија и „неформалното“ име на бебето

Обложувалниците во Англија очигледно заработија многу по раѓањето на новиот член на кралското семејство – бебето на принцот Хари и Меган Маркл.

Многумина се обложија дека Меган ќе роди девојче, па тука прдна првиот облог, а потоа и дека ќе го носи името Дијана, по трагично починатата принцеза и мајка на Хари.

Вчера, откако го покажаа синот пред целиот свет, новопечените мама и тато го открија и името на наследникот кое британските медиуми го нарекоа „неформално“.

Синот ќе го носи името Арчи Харисон Маунтбатен-Виндзор!

фото:инсатграм

“Daily Mail” пишува дека Арчи е скратена верзија од традиционалното шкотско име Арчибалд што означува “верен, одважен и храбар”. За разлика од многуте други потомци на кралското семејство, малечкиот Арчи има само едно средно име – Харисон.

Како што веќе воочиле фановите на кралското семејство на социјалните мрежи, ова име со абориџинско потекло буквално означува “син од Хари”.

Имено, Арчи како име во последните неколку години е сè попопуларно помеѓу Британците и, според податоците на Заводот за национална статистика на Велика Британија, во 2017 година било едно од 20-те најпопуларни имиња за деца во оваа земја. Арчи има еден истоименик во кралското семејство, и тоа од семејната страна на Дајана.

фото:инсатграм

Станува збор за Арчибал Кембел, кој ја носел титулата деветти гроф од Аргил, Шкотска.

Во британските таблоиди и пред раѓањето на детето се појави информација дека парот размислува за име кое ќе биде невообичаено за кралското семејство и име кое ќе биде релевантно и за Велика Британија и за САД.

“Иако двете имиња се невообичаени за кралските кругови, Арчи е прекрасен избор бидејќи го обединува раскошот и традицијата, но и го одржува помалку “безобразниот” карактер на Хари”, вели Сиџеј Лјунгстром од “ChannelMum.com” за “Daily Mail”.

“Харисон исто така совршено го обединува американскиот и општо трендот на Комонвелтот за користење на презимињата како имиња”, смета таа. “Имињата делуваат благородно и кралски, но имаат и топла и грижлива страна, токму каков што е и самиот пар”, заклучила Сиџеј.

Арчи нема да поседува службена титула како неговите роднини, децата на принцот Вилијам, туку ќе биде ословуван со “Мастер Арчи”.

To top