Стеван Радивојевиќ, фризер од Белград, познат и како личен фризер на најголемата балканска фолк ѕвезда Светлана Цеца Ражнатовиќ,итно бил примен во Ургентниот центар.
Откако му се слошило во станот, веднаш побарал лекарска помош. Фризерот сега се огласи од болничкта постела и откри што му се случило.
„Не можам да зборувам, па полесно ми е да пишувам… Вчера кога се разбудив, станав и сфатив дека не можам да застанам на нозе, немав рамнотежа. Нешто се случи со мојот центар за рамнотежа. Ме задржаа на прегледи и утре треба да бидам пуштен“ – започна Стеван.
„Резултатите ми се добри, но се’ уште не се знае зошто ми се случи тоа. Силен сум и знам дека се’ ќе биде во ред… Им благодарам на нашите здравствени работници за нивната професионалност. Ќе бидам добро!“ – рече Стеван, нагласувајќи дека сите во болницата се прекрасни.
Фото: Инстаграм/stevan_radivojevic_zft