Откако дозна дека е позитивна на коронавирус, Цеца одлучила да ги прати на тестирање поширокиот круг на семејството, но и нејзините вработени, возачи, обезбедување ….
Како што пишуваат медиумите, таа за тестирањата искеширала 1 000 евра.
Како што дознава ало.рс, пејачката не сакала нејзините вработени да ги плаќаат тестовите кои чинат 50 евра. Наместо тоа, на вработените им дала пари и ги упатила во најблискиот дом за здравје.
Исто така им наредила да не доаѓаат на работа дури и ако се негативни затоа што таа и Вељко се заразени.
„Цеца се грижи за вработените и тоа го знаат нејзините пријатели, но и оние кои се во нејзината куќа. Таа им е лојална, а на прво место е нивното здравје и здравјето на нејзиното семејство. Не сака да ги загрозува на било кој начин. Им кажа да одат да се тестираат, но да не се враќаат на работа се додека таа и Вељко двапати се тестираат и резултатите да се негативни“ вели извор за ало.рс
Како што вели соговорникот, бидејќи пејачката и нејзиниот син ќе бидат во изолација две недели, не и се потребни возачи, обезбедување….а што се однесува до храната сама ќе се грижи за неа и синот.
„Лидија со сопругот ја напушти вилата, Анастасија замина во Нови Сад кај момчето, а Богдана со синот е во Тител. Така да, сега се е под контрола“ вели изворот.
Инаку, семејството Родиќ исто така се тестираше на корона и ги чекаат резултатите.