Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ и сопругата Јелена се позитивни на коронавирус, објавија српските медиуми, откако стигнаа резултатите од тестирањето.
Ѓоковиќ, по откажување на финалето на турнирот во Задар откако беше откриено дека бугарскиот тенисер Григор Димитров е заразен со коронавирус, одби да се тестира во Хрватска, па тоа го направи дури откако стигна во Белград, каде што веднаш му беше земен брис за Ковид 19.
Тестовите покажаа дека Ноле и Јелена се позитивни, а децата се негативни на вирусот. Тој истакна дека следните 14 дена ќе останат во самоизолација, а тестот ќе го повторат по пет дена.
По тој повод Ѓоковиќ се огласи на социјалните мрежи.
View this post on Instagram
„Здраво на сите. Ние се вративме во Белград и јас сум позитивен на Ковид 19 , исто така и Јелена. Децата се негативни. Ќе бидеме во изолација 14 дена, а за 5 дена ќе го повториме тестот.
„Многу ни е жал што турнирот предизвика штета. Се’ што организиравме претходниот месец направивме од чисто срце и со искрени емоции. Верувавме дека турнирот ќе излезе на крај со сите здравствени проблеми. Погршевиме, беше прерано. Не можам да ви опишам колку ми е жал поради ова и поради било кој друг случај на инфекција“ напиша Ѓоковиќ и додава дека турнирот „Адриа Тоур“ е откажан и ги замоли сите кои биле биле на турнирот или биле во близина да се тестираат и да држат дистанца.
Веста за Новак дека е позитивен се прошири во целиот свет.
Македонската пејачка Тијана Дапчевиќ се огласи и јавно му упати поддршка на тенисерот.
„Поддршка за ова прекрасно, едноставно и хумано сушество кое 863 53525 пати го покажа и докажа тоа. Ноле, да знаеш дека многу те сакаат Дапчевиќ“ напиша Тијана покрај фотографијата на тенисерот во кратките приказни на „Инстаграм“.
Потсетуваме, македонскиот пејач Даниел Кајмакоски неодамна беше во друштво на Новак. Имено, во еден од најелитните белградски ноќни клубови во кој Ноле и колегите, тениските ѕвезди Григор Димитров и Александер Зверев биле гости, свој музички персформанс имал и нашиот Даниел Кајмакоски, кој по завршувањето на вечерта се запознал со тениските асовови. Дали и Кајмакоски се тестирал или ќе се тестира се уште не знаеме.
https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/daniel-kajmakoski-i-novak-gjokovikj-vo-panika-belgradskata-druzba-na-teniskite-asovi-i-estradata-na-zabavata-za-koja-svetot-zboruva-zavrshi-so-kovid-19-foto/