Некогашната учесничка и финалистка во „Ѕвездите на Гранд“, Ајша Капетеновиќ се породи и на свет донесе момче.
Среќните вести ги сподели сопругот на Ајша и откри дека за наследникот го одбрале името Кан.
Инаку, станува збор за име со арапско потекло кое означува владарска титула. Има значење водич, господин, владар.
Пејачката се породи во Германија каде што живее со сопругот, а како што пишува „Гранд онлајн“ мајката и бебето се чувствуваат добро.
Потсетуваме, сопругот ја запроси Ајша по петгодишна врска, а се венчале во тајност. Ајша до седмиот месец криеше дека е бремена.