Во животот најчесто треба да ни се случи нешто неочекувано кое ќе биде како гром од ведро небо, за да не натера да расмислиме повеќе за суштината на животот и за она што вистински го заслужува нашето време, внимание, љубов…
Миа Костова деновиве заврши трауматично во Охрид, кога за нејзиното влошено здравје интервенираше и брзата помош.
https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/za-mia-kostova-vikendot-vo-ohrid-zavrshi-traumatichno-a-za-malku-kje-zavrsheshe-fatalno/
Миа сега се чувствува добро и поворно ги извршува своите бројни секојдневни активности, само што сега до нејзиниот мозок стигна лекција која не само што се учи, туку не се заборава и се применува секој ден.
-Чуден некој февруари. Учам, не дека не. По последните случки во изминативе неколку дена, сфаќам дека навистина не постојат доволно силни причини за неровоза, тага и лоши мисли, вели Миа во едно од своите обраќања на Инстаграм, па додава дека бара астролог кој ќе се позанимава со нејзината иднина.
-Ги повикувам сите мои пријатели кои се занимаваат со астрологија точно со датум, ден и саат да ми напишат до кога трае ретрограден Меркур зашто овој има шанси да не го преживеам, се обрати таа во очекување на предвидувањата на она што ќе и го кажат ѕвездите.
Важно е дека Миа сега е одлична, лекцијата е научена, а немилата случка и посакуваме никогаш да не се повтори и целосно да ја избрише од секавање.