За приватниот живот на синот на Тони Михајловски, Александар, кој исто така како актер е дел од јавниот живот, многу малку е познато.
Па така, изненадување беше кога на почетокот од 2017 година ја објави веста дека се свршил со прилепчанката Ангела.
Кога нешто убаво му се случува во животот, неговиот татко Тони тоа не сака да го скрие и тогаш со сите сподели дека станал свекор, а неговиот син ставил крај на ергенскиот живот.
Една година подоцна, односно кон крајт на јули летово, Александар и Ангела направија свадба во Скопје, а Тони на својот профил на Фејсбук објави неколку фотографии од свадбената веселба.
Водителот и новинар Јанко Илковски преку коментар му порача на Тони дека убаво ќе му прилега да го викаат дедео, а пак тој му одговори вака:
-Фала брату. Да си дочекаш и ти. Инаку веќе година дена сум дедо на еден прекрасен лик што се вика Матео. Ама не му се сликаше со секого, па го нема на сликава, напиша дедо Тони, а Јанко како вака неинформиран се пошегува
-Мојот алцхајмер бара простување!
фото:фејсбук