Најчесто кога паровите кога ќе стапат во брак веруваат дека тоа е за цел живот, па секоја годишнина ја прославуваат на различен начин.
Водителот Ненад Ѓоргиевски кој имаме прилика да го гледаме на ТВ 21 деновиве прослави 8 години брак со својата сопруга Горана.
Ненад пред осум години заплива во брачните води, а деновиве на социјалните мрежи се потсети на денот кога стави крај на ергенскиот живот.
Во кратките приказни на „Инстаграм“, Ненад објави колаж од фотографии од свадбата, а во описот напиша „8 години љубов“.
Инаку, Ненад и неговата сопруга Горана ги имаат близнаците Љупка и Иво.