Многумина сигурно се сеќаваат на Бошко – кучето од расата пинч кое беше најдобриот пријател на нашиот шоумен Игор Џамбазов.
Бошко како и својот газда беше славен и се појавуваше пред камери, знаеше како да се однесува на снимања и беше неразделен од својот сопственик кој секогаш го носеше во рацете.
Поминаа осум години откако Игор и Бошко повеќе не се заедно, а Џамбазов на Инстаграм објави фотографија со својот непрежален миленик и напиша:
-Осум години без мојот најдобар пријател Бошко, кучето кое беше поумно од многу луѓе…
View this post on Instagram
Осум години без мојот најдобар пријател Бошко, кучето кое беше поумно од многу луѓе…
Игор е голем љубител на животните и не се остава без безрезервната љубов која умеат тие да ја дадат. Сега ја има мачката Емче која е неразделна од својот газда.
View this post on Instagram
Емче е тука, но Игор како и македонската јавност никогаш нема да го заборават Бошко- кучето човек!