Пред неколку години тогаш актуелната македонска пејачка од Прилеп, Оливера Ѓоргоска, реши да се пресели во Америка поради досовршување на своето музичко образование.
Талентот како клучен елемент и беше од најголема помош да го постигне зацртаното, а откако успаеа во тоа, ја имаше среќата и да се вработи таму, па и таа да го споделува своето знаење како наставиник.
Денес живее во Лас Вегас, но во една прилика изјави дека многу и недостига родната Македонија и семејството. Сепак, она што го нуди САД засега ги задоволува нејзините професионални и приватни апетити, а деновиве на својот Фејсбук профил се пофали дека се сретнала со нејзиниот идол – канадската пејачка Селин Дион.
„Не можам да го опишам чувството кога ќе го сретнеш својот идол. Тоа е остварување на соништата. Јас буквално пораснав со нејзините песни и почнав да пеам заради неа. На мојот канал на Јутјуб, повеќето песни што ги препеав се од Селин Дион. Се топам на оваа фотографија!Никогаш не помислив дека ќе те сретнам во студио. Толку прекрасна жена и однадвор и одвнатре! Те сакам Селин“, напиша Оливера споделувајќи фотографии од средбата со познатата пејачка во студио во Лас Вегас и додаде: „Дали ќе бидам во иста песна со Селин Дион? Останете тука…“.-открива нашата Оли.
По ваква најава, можеме само да очекуваме дека на некоја од новите песни на Селин ќе биде допишано и името на Оливера Ѓоргоска.
фото:фејсбук/оливераѓоргоска