Започна нова соработка на европско ниво во областа на градежништвото благодарение на медиумската конференција, која беше организирана од унгарска иницијатива, а со која се отвори нова димензија за мрежно поврзување и новинарска соработка.

Конференцијата се одржа во унгарскиот град Кечкемет каде што изминатиот викенд се сретнаа претставници на медиуми од 7 држави. Настојувањето иницирано од Маѓарепиток и групацијата Регон има за цел да создаде европска мрежа на врски, која ги користи можностите за соработка. Намерите на организаторите во основањето на иницијативата е да им помагаат на медиумските работници и градежните компании да се приклучат на Алијансата за да се поврзат и да се воспостават канали за комуникација.

Настанот започна со говорот на државниот секретар Ласло Моцоци, кој го претставуваше унгарскиот министер за информатика и технологија, Ласло Палковиќ, покровител на конференцијата. Државниот секретар за транспортна политика истакна дека унгарскиот градежен сектор пораснал за 85 отсто во периодот од 2016 до 2018 година, а нејзиното учество во Бруто Домашниот Производ континуирано е во пораст.

Државниот секретар го спомена и значењето на настанот:

„Многу е важно да ги споделуваме информациите, за сите да се информираат за развојот на градежните сектори на земјите блиски до нашите граници, како и оние подалеку. Динамичкиот раст со кој секторот сега се соочува прави неопходни технолошки иновации, кои можат да се искористат во голема мера преку соработка од медиумите од одделни земји”.

Конференцијата продолжи со презентации од организациите кои беа дел од настанот. По завршувањето на семинарот, учесниците потпишаа документ составен од 21 точка како основа за идна соработка. Со цел да се постигнат овие цели, беше создадена непрофитна организација. За прв претседател на новата организација беше избран Акош Шабо, главен уредник на Маѓарепиток.

Следната конференција „Градење врски” ќе се одржи во Бугарија во мај 2020 година.

Членки основачи на „Building Connections Media Alliance“ се:
• Маѓарепиток и групацијата Регон,
• Курир.мк и Алфа ТВ од Македонија,
• Стармулер Агентур од Австрија,
• Нова 24ТВ и Демокрација од Словенија,
• Вестник Строител од Бугарија,
• Агенда конструктор од Романија,
• Будивеј весник од Украина

На вториот ден од конференцијата беше организирана прес-тура на стадионот Пушкаш во Будимпешта. Објектот, кој е најголемиот капитален проект во земјата во последните неколку децении, е во финална фаза на градба. Стадионот ќе има капацитет да прими 67 илјади навивачи.

Конференцијата заврши со прес-турнејата, на големиот градежен проект Будапарт. Новиот градски кварт распостелен на 53 хектари земјиште се гради во 6 фази, каде што се нудат на продажба вкупно 600 илјади квадратни метри канцелариски и резиденцијален простор.