Мегафон

Оскарите на 25. април на ТВ Телма

Оскарите на 25. април на ТВ Телма

Во недела, на 25.04. на ТВ Телма, македонските гледачи ќе можат да го проследат 93-то доделување на Оскарите со бројни ѕвезди како презентери, меѓу кои и: Бред Пит, Хали Бери, Харисон Форд, Рис Витерспун, Анџела Басет, Бонг Џун-хо, Дон Чидл, Брајан Кранстон, Реџина Кинг, Марли Матлин, Рита Морено и Зендеја.

Домаќин на Оскаровската вечер ќе биде Глен Вајс, познат експерт за ваков тип настани, а шоуто ќе биде изведено со помош на режисерот Стивен Содерберг, кој е одговорен за продукцијата.

Академијата објави дека 93. церемонија традиционално ќе се одржи во салата Долби во Лос Анџелес, но ќе има вклучувања и од други места.

Испратено е писмо до сите номинирани барајќи нивно физичко присуство на церемонијата.

„Ќе се обидеме да обезбедиме пријатна и безбедна вечер за сите што ќе бидат физички присутни, како и за милиони љубители на филмот ширум светот“ – соопштија организаторите, додавајќи дека на самото место ќе има брзи тестови за корона вирус.

Оваа година, филмот „Менк“ на Дејвид Финчер, во кој глуми Гери Олдман, е  фаворит за Оскар затоа што освои најмногу, односно 10 номинации за престижната филмска награда.

https://www.youtube.com/watch?v=Q9IPCxxcsYA&t=10s

To top