Радио Милева го „испратија“, а тој ги демантираше...

Осамна вест дека починал, а Љуба Аличиќ се јави здрав и жив… и малку повеќе лут: „Тоа се лажни вести кои ги шират злобни луѓе“ (ФОТО)

Осамна вест дека починал, а Љуба Аличиќ се јави здрав и жив… и малку повеќе лут: „Тоа се лажни вести кои ги шират злобни луѓе“ (ФОТО)

Во текот на вчерашниот ден, понеделник, 19 април 2021 во попладневните часови осамна тажна, но за среќа се испостави – лажна вест, дека српскиот фолк пејач Љуба Аличиќ починал.

Љуба непосредно по појавата на ваквите „фејк информации“ веднаш се јави и ги демантираше и додаде дека верува дека ваквите „бизарни и морбидни дезинформации“ за него ги шират љубоморните и злобните луѓе.

Пејачот потоа додаде дека е вакциниран, што докажува дека се грижи за своето здравје:

„Лажат, секако … Фала му на Бога, еве ме жив и здрав и сè е во ред со мене. Ги примив и двете дози на кинеската вакцина. Она што го зборуваат,  го зборуваат завидливи и лоши злобници“ – ја демантираше лажната вест за наговата смрт, фолкерот.

To top