Радио Милева трансформација или зафрканција?

Осамна чудна фотографија на бившата ријалити ѕвезда: „Повеќе е Митар, отколку што е Драгана?!“ (ФОТО)

Осамна чудна фотографија на бившата ријалити ѕвезда: „Повеќе е Митар, отколку што е Драгана?!“ (ФОТО)

Поранешната  ријалити учесничка во „Задруга“, Драгана Митар е позната како една од најубавите девојки во Србија, па иако според  многумина не мораше да оди на естетска операција, сепак ги имаше неколку.

Секојдневно на својот Инстаграм објавува разни фотографии на кои не можат да останат рамнодушни многу припадници на машкиот, а богами и женскиот дел од популацијата.

Сега се појавија провокативни изданија на Драгана, со целосна шминка и гардероба, со и без гаќички, но фотографијата која ја крена најголемата можна бура е сосема поинаква.

Имено, сликата со ликот на Драгана во природно издание се појави на една страница на Инстаграм, што предизвика неверување кај многумина, а коментарите не запираа: „Што е ова“, „Повеќе Митар отколку Драгана“, „Лево Митар, десно Драгана“, „Со и без филтри“, „Ужас“, „Што е овој хорор луѓе мои?“ – се редеа голем број коментари.

Дали фотографијата е направена пред естетските зафати, па некој намерно ја пуштил или се работи за фотошоп или некаков друг фотоефект со кој намерно некогашната моделка е прикажана во „грдо издание“, останува под знак прашање? Дали навистина се работи за неверојатна трансформација или само за обична зафрканција?

Фото: Инстаграм принтскрин/dragana_mitar/srbija_showbizz

To top