Организаторите на „Евровизија 2022“ соопштија дека очекуваат Русија и Укрина да учествуваат во годинешното издание на Евровизија без оглед на војната меѓу двете земји.
За „Евровизија“ која треба да се одржи во мај, организаторите велат дека е неполитичко културно случување и ги демантираат нагодувањата дека на руските претставници нема да им биде дозволено да настапуваат поради нападот на Русија врз Украина.
„Песната на Евровизија е неполитичко културно случување кое ги обидинува нациите и разликите преку музиката, се наведува во соопштението на Европската радиодифузна унија.
-Русија и Украина се обврзаа дека ќе учествуваат на годинешното случување во Торино и моментално планираме да им посакаме добредојде на уметниците од двете земји да настапуваат во мај. Ќе останеме внимателно да ја следиме ситуацијата, се вели во соопштението.
Организаторите на Евровизија се огласија откако на социјалните мрежи се појави коментари во кои се побараа да се забрани учеството на Русија.
фото: Eurovision.tv/Atelier Francesca Montinaro/getty images/profimedia