Мегафон

„Оревокршачка“ на мраз се презакажува за 4 декември

„Оревокршачка“ на мраз се презакажува за 4 декември

Балетскиот спектакл „Оревокршачка на мраз, кој беше закажан на 24 ноември 2017 година, поради технички причини се презакажува за 4 декември 2017 година, локација непроменета – Македонска Опера и Балет, со почеток во 20 часот.

Важно известување за сите кои веќе имаат набавено билети: Купените билети со датум 24 ноември 2017 година се важечки за претставата на 4 декеври 2017 година и нема никаква потреба од нивна замена за билети со нов датум!

Билетите за овој балетски спектакл на мраз – „Оревокршачка“ на мраз, кои се во ограничен број може да се набават преку продажната мрежа на „Купи карти за сè“ низ цела Македонија, билетарницата на МОБ, во „Пола Југотон“, „Југотон“, цвеќарница „Розе“ – Веро 2, како и онлајн на www.kupikartizase.com.

To top