Мегафон

Во општина „Гази Баба“ се одржа голем музички настан по повод 8-ми Септември

Во општина „Гази Баба“ се одржа голем музички настан по повод 8-ми Септември

Општина Гази Баба по повод 8ми Септември, Денот на независноста на Македонија организираше голем музички настан.

Настанот  се оддржа вчеравечер, среда, на 07.09.2022 година со почеток од 20:00 часот на плоштадот во Автокоманда.

На преполниот плоштад настапија: Некст Тајм, Ламбе Алабаковски, Бојана Скендеровски и Влатко Миладиновски.

Утрово на својата официјална страна на Фејсбук, градоначалникот Бобан Стефковски сподели објава и неколку фотографии. Во својата објава градоначалникот Стефковски пишува:

Моја Гази Баба, Ви благодарам од срце.
Повеќе од 5000 граѓани на плоштадот во Автокоманда порачаа:
Ние сме Македонци и нашата татковина е Република Македонија.
Нека е вековита самостојна, суверена и независна Македонија. – напиша Стефковски.

To top