Здружението на оперски уметници „ОпераТи“ најавува гала-концерт по повод Св. Валентин, кој ќе се одржи на 9 февруари (сабота) во Народниот театар во Битола, со почеток од 19.00 часот.
Здружението е основано во јуни 2018 год. со цел остварување на своите и државните интереси преку развој и унапредување на оперската уметност, поголема афирмација на оперските уметници, како и за подобра промоција и пласман на македонското и светското оперско творештво и култура во земјата и странство. Иако станува збор за новоформирано здружение, истото веќе може да се пофали со голем број на покани за учество на фестивали во земјава и во странство, меѓу кои: Покана за учество на летен оперски фестивал „Емил Чакаров“во Бургас, Р. Бугарија, покана за учество на есенскиот оперски фестивал во Стара Загора, Р. Бугарија, покана за Оперски гала-концерт во Сандански, Р. Бугарија со Македонски изворни песни, преработени во оперски варијант каде што ќе земат учество наши млади оперски уметници, како и низа други регионални успеси.