В петок (10.2.2023) со почеток во 20 часот, во салонот на Националната опера и балет ќе се одржи популарната opera buffa, „Севилскиот бербер“ од Џоакино Росини. Приказна за победата на младоста и љубовта, комична опера во два чина.
Диригент е Андреја Наунов. Режисер е Урсула Хорнер (Австрија), сценограф Марија Ветероска, костимограф Марија Пупучевска.
Изведувачката екипа ја сочинуваат: Фигаро: Васко Здравков, Розина: Билјана Јосифов, Гроф Алмавива: Благој Нацоски, Дон Базилио: Владимир Саздовски, Дон Бартоло: Невен Силјановски,Берта: Соња Пендовска Мадевска, Фиорело: Драган Ампов, Амброзио: Јане Дунимаглоски, Камениот човек: Борко Биџовски. Хорот и оркестарот на Национална опера и балет.
Операта „Севилскиот бербер“ на Џоакино Росино изобилува со извонредни и возбудливи вокални и оркестарски делници и комична елеганција со кои ретко кое друго оперско дело може да се спореди.