Лорис Кариус, голманот на Ливерпул моментално е еден од најпознатите луѓе на светот.
По катастрофалната одбрана на натпреварот на финалето од Лигата на шампиони, Лорис добил смртни закани, а со него се пошегувала и порното актерката Миа Калифа.
Сепак, “Daily Mail” тврди дека Кариус го теши секси русокосата од Велика Британија со која веќе е некое време во врска.
Британката Јанте Роуз која е три години постара од Кариус, е вистинска ѕвезда на Инстаграм. Таа се занимава со манекенство, а наводно е поранешна девојка и на други фудбалери.
Роуз не присуствувала на натпреварот во Киев, а парот никогаш не се појавува во јавност.
Викендот на финалето од Лигата на шампиони, Јанте го поминала во Барселона, а на социјалните мрежи не се огласила по повод загубата на Ливерпул од Реал Мадрид.