Радио Милева

Она што сите жени го обожаваат им е забрането на дамите во кралското семејство

Она што сите жени го обожаваат им е забрането на дамите во кралското семејство
фото:инстаграм.royal family

Протоколот на кралското семејство налага дека дамите не смеат да имаат маникир или педикир во боја. Затоа ноктите на жените од кралското семејство секогаш се негувани и уредни, но никогаш излакирани во боја.

Единствената боја која им е дозволена се “нуд“ тоновите, а едниствениот лак за нокти кој кралицата Елизабета го користи е „Ballet slipper“ од брендот „Essie“, многу дискретна нијанса на розова која ја користи од 1989-та година.

Единствената членка од кралското семејство која не се придржува до овој протокол е Меган Маркл која во една прилика се прошетала со црна боја на лак на ноктите.

фото:инстаграм/royal family

Кејт Мидлтон пак, ги почитува правилата па така носи такви бои на лак за нокти кои се многу дискретни – розови нијанси, а делуваат целосно природно.

Доколку и вие сакате да го постигнете кралскиот изглед на нокти треба да користите протеинска база која ќе ги храни вашите нокти.

Треба да ја нанесете како лак за нокти, по можност во два слоја и за само еден месец вашите нокти ќе изгледаат уредно и природно како да сте член на кралското семејство.

Останати вести од Радио Милева