Радио Милева
сама на себе модел

Оља Црногорац, некогаш најпосакуваната ТВ водителка денес е најсексапилната модна креаторка (ФОТО)

Оља Црногорац, некогаш најпосакуваната ТВ водителка денес е најсексапилната модна креаторка (ФОТО)

Некогаш омилена ТВ водителка, а денес дизајнерка и препознатливо лице на Инстаграм. Оља Црногорац, го привлекува вниманието на публиката со извајаното тело и волшебните облини од почетокот на нејзиното појавување на малите екрани.

Водителката ја започна својата кариера на ТВ Метрополис, но набрзо премина во ТВ Пинк, каде што меѓудругото работеше и со Огњен Амиџиќ некое време. Таа остана како една од најзапаметените убавици од ТВ екраните, иако сега ретко се појавува во јавноста.

За нејзината привлечност се пишуваше и зборуваше, па затоа важеше за една од најпосакуваните јавни личности. Поради тоа, се крена многу прашина кога влезе во првата сезона на реалното шоу „Фарма“, во 2009 година, каде што беше една од најзабележаните учесници.

Како креатор, Оља често патува во странство, што може да се види на Инстаграм, каде е многу активна и каде што често објавува провокативни фотографии.

Над 150.000 луѓе ја следат на оваа социјална мрежа, па можеме да заклучиме дека таа прилично добро заработува и на овој начин. Патем Оља толку добро изгледа, што самата себе си може да си биде модел за рекламирање на своите крации и модни парчиња.

Фото: Инстаграм принтскрин/montenegrina_o

Останати вести од Радио Милева