Радио Милева „Love is in the air“

Оливера Ѓорговска е вљубена до уши: Пејачката го покажа својот латино љубовник! (ФОТО)

Оливера Ѓорговска е вљубена до уши: Пејачката го покажа својот латино љубовник! (ФОТО)

Македонската пејачка  Оливера Ѓоргоска очигледно, наголемо го живее својот американски сон. Замина во САД на музичко доусовршување, па стигна и до докторат… Ама очигледно убавата прилепчанка стигна и сонот да си го претвори во јаве и кога е љубовта во прашање.

Уште додека беше во Македонија за нејзиниот љубовен живот не се знаеше речиси ништо. Ја облетуваа многумина познати, меѓу кои и композитори и оние  кои и пишуваа и кои не и пишуваа песни, колеги пејачи…

Ама официјално, ниту еден не и стана момче. Не барем јавно. И со никого од нив згодната пејачка не влезе во врска.

Откако замина за САД, според она што се слушаше за неа, а  и од постираните фотографии на социјалните мрежи, околу неа повторно беа дузина згодни ергени и моми.

Постојано се фотографираше во убаво друштво, но на ниту една од фотографиите конкретно не покажа дека некој и е љубовен партнер. И тоа се до скоро…

Последните фотографии сепак кажуваат нешто друго, нешто што и самата македонска пејачка на привремен престој во Америка го кажува и покажува – момчето кое го освои нејзиното срце.

Белец, со латино изглед, висок, со густа црна коса, црни очи… вистински  латино заводник, а веројатно и љубовник… Барем според она што нашата убавица ја оддава на фотографиите. Вљубена до уши, го пие со поглед и впива секој негов здив… Тоа дефинитивно, мора да е љубов!

Така и самата малку потајно, малку јавно признава во постовите покрај фотографиите на кои Оливера ниту ја крие, ниту се срамува да покаже како изгледа кога усните ќе се спојат, а јазиците испреплетат во бакнеж од кој срцето трепери.

„Еј овде има странец! Не знам што правите на мојата Инстаграм страница, но ми се допаѓа“! – пишува пејачката, за веднаш потоа и самат да признае дека и се случува неочекувана љубовна романса!

Очигледно за Оливера… „Love is in the air“, заштоа таа е „Woman in love“! И тоа „до уши“!

 

To top