Радио Милева американскиот сон на дофат?

Оливера Ѓоргоска во американскиот аудиовизуелен проект „Неосвоена душа“ (ВИДЕО)

Оливера Ѓоргоска во американскиот аудиовизуелен проект „Неосвоена душа“ (ВИДЕО)

Македонската пејачка Оливера Ѓоргоска која последниве години е во САД каде што го усовршуваше своето пеење, покрај бројните фотографии од животот и забавата во „ветената земја“ кои постојано ги постира, објави кусо видео кое е исечок од еден проект во кој и таа учествува.

Се работи за проект кој според објавеното би требало да е насловен „Неосвоената душа“. Во него евидентно е дека како еден од актерите со своја улога се појавува самата Оливера.

Но дали се работи за музичко парче визуелизирано со видеоспот, исечок од некој документарец, ТВ реклама, кампања… или нешто сосема петнаесето и  дали  Оливера покрај глумата во музичкиот дел на проектот го позајмува и својот вокал, останува да дознаеме деновиве.

Она што може да се види на прва е дека се работи за проект кој има своја намена – каква, засега останува мистерија?!

Но сепак е евидентно и од она што може да слушне и види дека какво и да е парче во прашање, истото е врвно изработено и музички и продукциски и визуелно.

„Неосвоена душа! Почестена сум да бидам дел од овој неверојатен проект! Ова е видео исечок од најдобрите сцени, најдоброто од најдобрите @arudz! 

Соработка со вас тоа е такво задоволство и секогаш толку многу забавна! Вашата работа е апсолутно неверојатно! Очекувам многу повеќе!

Следете ги овие прекрасни уметнички момчиња! @arudz, останете вклучени“! – напишала пејачката во постот покрај инсертите од видеото кои ги постираше на својот Инстаграм профил.

To top