Радио Милева

Оливер Драгојевиќ: Поради хемотерапијата го изгубив слухот, повторно вежбам да пеам, ама цигарите не ги оставам!

Оливер Драгојевиќ: Поради хемотерапијата го изгубив слухот, повторно вежбам да пеам, ама цигарите не ги оставам!

Еве ме дома, слабо излегувам, се спремам за следната хемотерапија. Деновите ги скратувам со вежбање на гласот, а ги гледам и натпреварите на Хајдук, започнал разговорот со Оливер Драгојевиќ за хрватскиот 100posto.hr.

Оливер Драгојевиќ, добитникот на свечената награда „Цесарица“, боледува од карцином на белите дробови, а првиот настап по дијагностицирањето на болеста го одржа пред десетина дена во сплитскиот ХНК на прославата на 50-годишнината на жупансиката лига против ракот. Се појави со капа на главата, но набрзо ја симна и откри дека е без коса. Но, неколку дена подоцна, немаше сила да настапи со Џибони во загрепската Арена.

Иако концертот поминал одлично, неговото отсуство предизвикало празнина. Жал му е то не настапил во Загреб, но истакнува дека поддрката од колегите и слушателите многу му значи. Тоа, како што вели го охрабрува.

Ѓаволска болест е тоа, малку ослабев, но се надевам на позитивен исход. Најважно е да се остане цврст во главата, а јас психички добро се чувствувам. Пијам многу лекови, за секакви чуда… Против болки, за крв, за енергија, па ми се случуваат нуспојави. Тешко е да се усклади сето тоа и да се верува дека таблетите меѓусебно се компатибилни. Дури и го изгубив слухот. Тоа траеше две недели, како да ми беа затнати ушите, вели Драгоевиќ во интервјуто и на шега додава дека сепак не останал без глас.

Секој ден дома вежбам. Малку свирам, пеам, се обидувам да го задржам ритамот.

Драгојеви се уте не знае во каква состојба е туморот, како и дали досеганите хемотерапии вродиле со плод. Следниот преглед му е за неколку месеци, а тога треба да се знае дали тумотрот е неутрализиран.

Ако класичната хемотерапија не помогне, ќе се осврнам на други начини на лечење, што да правам.

Мислам дека никогаш нема да престанам да пушам. Ги намалив, но сеуште пушам. Ама знаеш што, ме нервираат сите тие совети за исхрана, пушење, движење… Не ми е лесно да ги испуштам од рака. Додека терам, терам. Ако цел живот можев да уживам, можам и сега, додал смеејќи се, но сепак му било жал за една работа.

Откако ја добил болеста, веќе долго време не бил во Корчула, на риболов.

Ете, единствено за тоа ми е жал. Ми недостига морето, бродот на Корчула, да одам на риба. Тоа долги години ми беше смислата, а сега моите ми носат риба, иронично рекол Оливер.

Брзо се заморувам и не можам долго да зборувам. Што се однесува до хемотерапијата, верувам во овој метод на лечење, но таа на секој човек делува различно. За сега е добро, прашање е дали така ќе остане, заклучил Драгојевиќ.

To top