Поминаа само четири дена од откажувањето на Летните олимписки игри во Токио, што требаше да се одржат ова лето, а Јапонците не се премногу загрижени и не седат со скрстени раце.
Во најмала рака, кај нив коронавирусот е речиси завршена приказна, а да не зборуваме за дополнителните трошоци за одложување на Игрите што можат да достигнат дури и до три милијарди долари. Судбината овој пат беше сурова, но со неа мора да се живее.
Веднаш беше формиран посебен комитет за решавање на проблемот што се појави, а еден од најважните е датумот на ОИ во 2021 година. Иако конечната одлука се очекува на некои три недели, сепак се споменува дека тој ќе биде како оној оригиналниот (24 јули – 9 август).