Претседтелот на Македонија, Стево Пендаровски во својот кабинет го прими олимпискиот вицешампион во теквондо од Токио, Дејан Георгиевски. По протоколарниот разговор и кафе-муабетот, Дејан покажа нешто што можеби не е по протокол, ама кога претседателот веќе инсистира, тогаш мора да му се демонстрира.
Двоен удар со нога или поточно само симулација на опишаната ситуација, зашто во спротивно ќе требаше заедно со локалните да имаме „нови претседсателски избори“. Вака, „Маја гери“ за Стево, ама само како показна вежба како тоа би изгледало да се ‘рчкаш со еден од тројцата најдобри теквондо мајстори на светот.
До душа од видеото подолу, се гледа дека и претседателот се обидел да покаже како би се бранел, ама вицепрвак си е вицепрвак… А ни Стево не е Владимир Путин кој како и многу славни ликови имаат тренирано теквондо како на пример, Чак Норис, Барак Обама, Арнолд Шварценегер, Џесика Алба, Жан Клод Ван Дам…
Се разбира сето ова само на шега, зашто во овој спорт вистинските ударите не се дозволени… За разлика од политиката, каде „ниските удари“ се секојдневен „мејнстрим“!
Погледнете како изгледаше „блиската средба“ на олимпискиот вицешампипон и македонскиот претседател: