„Четвртиот Меѓународен Гастрономски Натпревар – „ГастроМак 2019“ годинава за домаќин го има градот Охрид, а мотото што ќе ги екипира сите љубители на гастрономија од 10 до 14 октомври е „Don’t Worry, Be Ohrid!” (“Не се грижи, биди Охрид!”) – на денешната средба со новинари соопштија од Асоцијацијата на готвачи и шефови на кујни од Македонија – „ГастроМак“, најавувајќи го високорангираниот интернационален натпревар на светските готвачи. „На ГастроМак 2019 е најавено присуство на над 300 учесници – натпреварувачи од 30 земји- Дагестан, Азербејџан, Русија, Кореја, Италија, Франција, Украина, Турција, Албанија, Србија, Хрватска…, па дури и од Сибир, потоа – над 90 лиценцирани WACS судии, гастрономски амбасадори и почесни гости од сите краишта на планетата- изјави Претседателката на „ГастроМак“, Адријана Алачки.
Почнувајќи од 10 октомври, кога со големо дефиле на учесниците, судиите, мастер предавачите…, официјално ќе се отвари „Гастромак 2019“, па се до гаснењето на рефлекторите – на 14 октомври, ќе има што да се види и вкуси, бидејќи организаторот подготвил интересни и едукативни содржини, натпревари и програма за сите вкусови и генарации. Всушност, се ќе се одвива на два „фронта“- учесниците ќе се натпреваруваат во хотелот Нова Ривиера, а во вториот дел – пред хотелот, ќе се случуваат презентации за сите гурмани од нашата, но и од од другите интернационални кујни. Еден од настаните што не треба да се пропушти е Фиш фест на Дон Давид, (BBQ FISH FESTIVAL DON DAVID), што ќе се случува на 12 октомври, настан во настан, кога судиите, 10 „Мишелин ѕвезди“ ќе приготвуваат скара за присутните. Од „ГастроМак“ најавуваат дека натпреварот е логистички поддржан од WACS – (World Association of Chefs Societies), Светската организација на шефови на кујни, асоцијација која што ги обединува националните кулинарски здруженија од преку 150 држави во светот. Токму затоа, целта на Асоцијацијата е да се грижи за богатата традиционална култура на нашето, македонското поднебје, и „да ги промовира едукативните процеси кај готвачите и да воведе светски кулинарски трендови во чекор со современата македонска кујна – информираше шеф Љупчо Гиевски.
На средбата со новинарите беше објавен годинешниот претседател на судскиот тим – познатиот Стево Карапанџа, гастрономски гуру, кој оставил толку многу багаж зад себе, па и по скоро 50 години, предизвикува почитување. „Имате доволно причини да бидете дел од Гастромак приказната – а ние заедно со Општина Охрид, со Хотелот Нова Ривиера ќе се потрудиме да го оправдаме признанието- најдобар натпревар во Југоисточна Европа – заврши шефот Весна Тодоровска- Алачковска.