Светлана Цеца Ражнатовиќ сите знаеме дека е родена во селото Житораџе во близина на Прокупље каде израсна заедно со својата сестра Лидија и родителите.
Во центарот на селото се наоѓа големата нивна куќа која и до ден денес го краси целото место и истата има висока црна ограда, како и видео камери. Сепак мештаните говорат дека во таа голема куќа живее само таткото на Цеца Слободан, додека Мирјана иако е наставничка во пензија живее во другата куќа каде и работи.
„Го гледам синот на Цеца, Вељко често доаѓа во оваа куќа кај дедо му. Претежно доаѓа сам, го носи и своето куче, па го слушам кога лае. Татко и на Цеца живее тука, а мајка и доле, имаат уште една куќа. Таа таму држи стока, има обврски. Порано се дружевме повеќе, сега веќе не, Мирјана има многу обврски, спрема зимници и за себе и за Цеца и за Лидија, вели за српските медиуми нивната прва сосетка“.
Куќата во која живее мајката на Цеца се наоѓа во близина на пазарот веднаш до пругите. Има високи ѕидови, а во дворот имаат кози и свињи.
Мештаните инаку велат дека се благодарни на Цеца што од свој џеб издвоила пари да се асфалтира улицата до пазарот во селото.
фото: Kurir.rs/Nikola Anđić