Радио Милева
додека била на одмор

Ограбена луксузната вила на Мараја Кери вредна пет милиони евра! (фото)

Ограбена луксузната вила на Мараја Кери вредна пет милиони евра! (фото)

Пејачката Мараја Кери била ограбена, односно и била ограбена вилата во Атланта, додека таа и нејзиното семејство биле на одмор во Италија. Кражбата била пријавена на 27.7, а се наведува дека се случила малку порано.

– Истрагата е сè уште во тек, но не можеме да дадеме повеќе детали – објаснуваат од полицијата.

Сè уште не е откриено што украле крадците, како и дали и колку пари имало во куќата.

Засега ниту пејачката ниту нејзините претставници на медиумите јавно не ја коментирале кражбата. Имено, пејачката ја купи оваа вила за 5,4 милиони евра во ноември 2021. Куќата се наоѓа во населбата Сенди Спрингс (Атланта, Џорџија), има девет спални соби и 13 бањи, како и базен, тениски терен и игралиште.

Инаку, пејачката во моментот на грабежот била на одмор со семејството, од каде редовно објавувала фотографии на мрежите, а многумина сметаат дека тоа им го привлекло вниманието на крадците, кои знаеле дека куќата е празна.

Фото:Принтскрин/Инстаграм/Мараја Кери

Останати вести од Радио Милева